Кога ќе го отпишете Јувентус, „старата дама“ се враќа посилна и го задава конечниот удар. Јувентус пропушти предност од два гола во Торино и замина за Лондон со непријатни 2-2, по првото полувреме имаше негатива, откако Сон Хјонг – Мин погоди за Тотенхем, но Гонзало Игуаин и Пауло Дибала за три минути во вториот дел го „смрзнаа“ Лондон за 1-2 и обезбедија пласман за италијанскиот првак меѓу осумте најдобри екипи во елитното европско клупско натпреварување.
Неверојатно возбудлив меч се одигра вечерва на „Вембли“. Тотенхем беше подобар противник во првото полувреме, Хари Кејн пропушти две одлични шанси, а во 39.минута Сон сепак го доведе англискиот тим во водство.
Но, Јувентус не се предава. Тимот на Масимилијано Алегри возврати двојно во второто полувреме. Во 64.минута, Гонзало Игуаин го израмни резултатот, а на „старата дама“ и беше потребен уште еден гол за пласман во следната рунда. И само три минути подоцна, Игуаин му подготви шанса на Пауло Дибала, тој излезе сам пред противничкиот голман и мајсторски егзекутираше.
Во самата завршница, Хари Кејн со удар со глава го погоди дирекот, топката се тркалаше по гол – линијата, но не заврши во мрежата. Јувентус е во четвртфиналето.
Heung-Min Son’s 16th goal of the season to put Spurs ahead on the night against Juventus.#THFC #COYSpic.twitter.com/Ik1iOoJ0sH
— Last Word On Spurs? (@LastWordOnSpurs) March 7, 2018
Higuain GOL
pic.twitter.com/gMLf6np27y— Juvefc.com ? (@juvefcdotcom) March 7, 2018
Paulo Dybala turning the tie on its head!! UNBELIEVABLE #TOTJUV pic.twitter.com/TNhBN111mX
— EPL Live App (@LiveScoreEPL) March 7, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА