Гонзало Игуаин е голгетер од светска класа, но често на негова адреса можат да се чујат критики околу тоа дека не може да постигнува погодоци на клучните натпревари за своите тимови и за аргентинската репрезентација. Тој со двата вечерашни гола ги замолкна злобниците, покажувајќи дека сосема оправдано Јувентус минатото лето плати богатство за да го доведе во своите редови од Наполи. Ова беа први погодоци на Игуаин на гостински терен во ЛШ сезонава, со кои Аргентинецот ја прекина црната серија од четири години без гол во нокаут фазата од елитното европско натпреварување.
„Конечно гол? Моја работа е да помогнам тимот да победува, дури и кога промашував шанси не без нервозен, знаев дека ќе погодам кога е најважно. Работам напорно за да играм на вакви натпревари и да му помагам на својот тим. Среќен сум за головите, но уште посреќен што дојдовме до победата и повторно не примивме гол. Не смееме да се опуштиме, знаеме колку опасен може да биде тимот на Монако и максимално сконцентрирано треба да влеземе и во реваншот. Претходно, сакам викендов да го совладаме Торино на градското дерби и да го осигураме скудетото“ – изјави Игуаин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА