Игуаин не сака да го напушти Јувентус

Аргентинскиот фудбалер Гонзало Игуаин одбива да разгледува понуди од италијанските клубови, бидејќи е сигурен дека ќе го убеди Маурицио Сари да го задржи во Јувентус. Игуаин се врати во Торино по позајмицата во Челси, во која соработуваше токму со Сари, откако претходно настапуваше за истиот стратег и во дресот на Наполи.

Иако раководството на „старата дама“ е одлучно да го продаде, италијанските медиуми пренесуваат дека тој не сака да ги разгледа понудите од Рома и од останатите клубови. Агентот на Игуаин вели дека тој не сака да го напушти Јувентус и дека има ангажирано приватен тренер како би можел да го импресионира Сари.

Раководството на Јувентус сака да го продаде искусниот напаѓач и на негово место да го донесе неговиот сонародник Мауро Икарди.

Се вчитува...