Аргентинскиот интернационалец Гонзало Игуаин го договорил трансферот во англискиот премиерлигаш Челси. Ова и официјално ќе се случи откако Маурицио Сари ќе ја преземе позицијата менаџер на лондонските „сини“. Тие двајца имаа одлична соработка во редовите на Наполи, од каде Игуаин се пресели во Јувентус.
Игуаин ќе биде првото засилување за Челси под раководство на Сари, а англискиот клуб ќе исплати 65 милиони евра на Јувентус. „Старата дама“ се обидува да го доведе Кристијано Роналдо од Реал Мадрид, и овие финансии сигурно ќе бидат употребени за нов напаѓач. Италијанските медиуми најавуваат дека и Алваро Мората би можел да го напушти Челси и да се врати во Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

