Гонзало Игуаин се мачеше со повреда во изминатите петнаесетина дена, но голгетерот на Јувентус стисна заби и настапи од првата минута, давајќи значаен придонес во победата на „Вембли“ над Тотенхем и пласманот во четврт-финалето од Лигата на шампионите.
„Прекрасно е чувството да се игра на „Вембли“, уште поубаво е да се победи. Ова беше тежок натпревар, Тотенхем е одличен тим што игра квалитетен фудбал и е агресивен на сите делови од теренот. Сепак, ние знаевме дека англиските клубови вообичаено оставаат простор во одбраната и дека со тоа ќе ни се укаже шанса да постигнеме најмалку еден гол. Ефикасноста беше на ниво, изборивме голема победа. Горд сум на овој тим, како и на медицинската екипа која напорно работеше за да ме оспособи за настап во Лондон“ – изјави Игуаин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА