Игудала жестоко го навреди Мемфис, од клубот му порачаа дека не мора да се појави на подготовките

Сега веќе поранешниот кошаркар на Голден стејт, Андре Игудала изминатово лето беше трејдуван во Мемфис за Џулијан Вошбурн. Притоа сопствениците на Голден стејт објавија дека ќе го повлечат дресот со број 9 во чест на Игудала кој беше најкорисен играч во финалето во 2015 година кога Вориорс стигнаа до првиот шампионски наслов по 40 години.

Игудала беше незадоволен со одлуката на својот поранешен клуб, а НБЦ неодамна објави и негова навредлива изјава со која крилниот кошаркар порача што мисли за Мемфис.

„И кажав на сопругата дека најверојатно ќе бидам трејдуван. Кога се дознав дека Кевин Дурант оди во Бруклин си реков: Сега сигурно 100% ќе бидам трејдуван. Сопругата ме праша каде мислам дека ќе одам а јас и реков: Не знам, веројатно ќе завршам во Мемфис или во некое такво слично срање. И, следниот ден ми стигна порака на телефон дека одам во Мемфис. Умрев од смеење…“ – соопшти Игудала за НВЦ како ја дочекал веста за преселба во Мемфис.

 

Но, сето тоа не им сега смешно на челниците на Мемфис. Откако оваа негова изјава излезе во јавност, новинарот кој ги следи Гризлис, Геоф Колкинс преку колумна му порача дека најдобри е сега да си се држи по страна и да чека кога клубот ќе одлучи да го избрка.

А, се појави информација и дека од раководството на Мемфис му порачале дека со таков став воопшто не мора да се појави и на подготовките на тимот.

Се вчитува...