Ихеначо му донесе на Лестер четвртфинале во ФА куп (ВИДЕО)

Келечи Ихеначо е херојот на Лестер во осминафиналниот натпревар од ФА купот против Брајтон и Хов Албион, откако Нигериецот во 95. минута постигна гол за триумф од 1-0. Еден тврд натпревар во кој и двата тима не успеаја посериозно да го загрозат голот на противникот, со единствениот удар во рамките на Брајтон и Хов Албион, Ихеначо донесе пласман за „лисиците“ меѓу осумте најдобри во најстарото фудбалско натпреварување во светот.

Шефилд Јунајтед со идентични 1-0 беше подобар од Бристол Сити.

 

Се вчитува...