ИХФ избра: Гидсел и Раистад се најдобри во светскиот ракомет за 2024 година

ИХФ денеска и официјално ги објави лауреатите за светскиот ракомет за 2024 година, најголеми индивидуални признанија доделувајќи им ги на Матијас Гидсел и на Хени Раистад, за извонредните настапи што скандинавскиот тандем ги имаше во текот на 2024 година.

Гидсел имаше извонредна година во која стигна до олимписко злато со Данска, извонредниот бек собра повеќе гласови од конкурентите (второпласиран беше германскиот голман Андреас Волф), со што Данецот е прв во историјата што две години по ред успеал да се закити со ова индивидуално признание.

Реистад исто како и Гидсел втора година по ред е избрана за најдобра во женска конкуренција, нешто што претходно и имаѓе успено само на Кристина Неагу. Норвешката репрезентативка стигна до наградата добивајќи повеќе гласови од главните ривалки Нзе Минко и Братсет Дале.

Германецот Ренарс Ушчинс се закити сп признанието за најдобар млад ракометар во светот за 2024 година, додека наградата за најдобра млада ракометарка заврши во рацете на Унгарката Петра Симон.

Се вчитува...