ИХФ одлучи: Нови ковид-протоколи за СП 2023

Ниту новиот ракометен мундијал што ќе стартува за помалку од десет дена во Полска и Шведска нема да биде исклучок од ковид-протоколите, кои станаа тажно секојдневие на големите натпреварувања.

Според информациите на скандинавските медиуми, потврдени и од страна на ИХФ, воведени се нови ковид протоколи и за овој мундијал, од кој дел ќе биде и Македонија.

„ИХФ бара сите ракометари да се тестираат пред почетокот на Светското првенство, потоа пред следната групна фаза (главна фаза или Президент куп). Оние селекции кои ќе се пласираат во четвртфиналето, нивните ракометари ќе бидат повторно тестирани пред нокаут фазата“, се вели во новите протоколи.

Доколку некој ракометар биде позитивен на ковид-19, тоа ќе значи и автоматска изолација од најмалку пет дена, односно дека тој играч ќе биде „во аут“ за фазата од натпреварувањето пред која ќе биде тестиран.

„Сето ова е толку тажно, бидејќи искрено верувавме дека короната е зад нас. Наредбата доаѓа од ИХФ, но не можеме да разбереме бидејќи ерата на корона е завршена, оваа болест веќе не важи за „опасна по општеството“ според законите во Шведска“, изјави Михаел Апелгрен од шведскиот национален тим.

Се вчитува...