ИХФ одлучи: Вајлд-картите за СП за Словенија и за Холандија

Репрезентациите на Словенија и на Холандија ќе бидат дел од СП 2023 иако не го минаа баражот, откако ИХФ реши овие две селекции да ги добијат вајлд-картите за наредниот светски шампионат.

Светската куќа на ракометот вообичаено доделува една вајлд-карта, но овојпат бројката се зголеми на две поради фактот дека Австралија не се пласираше меѓу петте најдобри репрезентации на шампионатот на Азија.

„По длабока анализа, Советот на ИХФ реши да им ги додели вајлд-картите на репрезентациите на Холандија и на Словенија. Холандија е една од репрезентациите со најголем напредок во последните години, потврдено со освоеното десетто место на ЕП 2022. Оваа селекција ќе учествува на своето прво СП уште од 1961 година, кога го освои 11. место. Втората вајлд-карта заминува во Словенија, за која ова ќе биде десетто учество на светските шампионати“, објави ИХФ.

Словенија и Холандија ќе се најдат во последниот шешир при ждрепката закажана за 2 јули и дефинитивно ќе бидат ривали што македонската репрезентација ќе сака да ги избегне.

Се вчитува...