Икарди доаѓа во Баерн Минхен како наследник на Левандовски?

Германскиот првак Баерн Минхен размислува за ангажман на Мауро Икарди, капитенот на калчолигашот Интер, како наследник на Полјакот Роберт Левандовски во навалната линија на својот тим. Овој трансфер би се реализирал идното лето, кога се очекува Левандовски да замине од „Алијанц арена“ и да се пресели во Реал Мадрид, или пак во Манчестер сити.

„Размислуваме за неколку опции во нападот, клубот секако мора да посвети внимание на освежување и на подмладување на тимот“, објави во завиена форма спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ.

Икарди во моментов игра во одлична форма во дресот на Интер, и секако дека Баерн Минхен нема да има лесна задача да го ангажира идното лето.

  

Се вчитува...