Мауро Икарди е блиску до преселба во редовите на Јувентус, со што аргентинскиот голгетер би бил решение за голгетерската криза на „старата дама“. Италијанските медиуми тврдат дека преговорите меѓу Јуве и ПСЖ се во завршна фаза, а Аргентинецот би се преселил во Торино како позајмен играч на шест месеци, со можност „црно-белите“ летово целосно да го откупат неговиот договор.
Икарди е несреќен во ПСЖ, многу ретко добива шанса од Покетино, а и самите челници на клубот се незадоволни од него и сакаат да го продадат што поскоро. Неговата сопруга Ванда Нара инсистира на камбек во Италија, вратата во Интер му е цврсто затворена, а Јуве не ја крие желбата конечно да го доведе овој фудбалер во своите редови.
„Старата дама“ не успеа да го комплетира трансферот на Икарди кога тој си заминуваше од Интер, но сега ситуацијата е поинаква, ПСЖ исто така инсистира што поскоро да биде најден заеднички јазик, па лесно може да се случи аргентинскиот напаѓач уште на 1 јануари да се врати назад на Апенинскиот полуостров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА