Икарди е новата „мета“ на Ал Наср

Откако го ангажираа Кристијано Роналдо, челниците на Ал Наср од Саудиска Арабија сакаат да го доведат и аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди. Според пишувањата на италијанските медиуми, 29-годишниот Икарди е нова мета на богатиот клуб. Аргентинецот моментално игра за Галатасарај, но не е толку среќен во овој тим со оглед дека малку добива минутажа. Досега во 6 настапи постигна само четири гола.

Икарду во Галатасарај стигна во 2022 година, на едногодишна позјмица од ПСЖ. Пред тоа шест години играше за Интер. Икарди има понуди и од клубови од Аргентина, но тешко дека ќе може да се рамни со понудата од Саудиоска Арабија.

На крајот од декември клубот го ангажираше Кристијано Роналдо, кој ќе заработува 200 милиони евра по сезона. Португалецот ќе има плата од 90 милиони евра, а со вклучените бонуси и спонзорските договори сумата ќе се искачи до 200 милиони.

Се вчитува...