Лучијано Спалети со право е исфрустриран откако раководството на Јувентус цел јануари не успеа да му ја исполни желбата – и да донесе нов голгетер во редовите на „старата дама“.
Прва опција беше Матета, но тие разговори набрзо пропаднаа, ист беше и исходот во обидот да се доведе Ен Несири од Фенербахче. Кога се чинеше дека камбекот на Коло Муани е завршена работа и тоа пропадна откако Тотенхем одби предвреме да ја раскине позајмицата на францускиот напаѓач, па Јувентус има рок најдоцна до утре до 20 часот да се обиде да доведе нов напаѓач.
А последните информации говорат дека „црно-белите“ од Торино „сламката на спас“ ја гледаат во Мауро Икарди. Поранешниот капитен на Интер со години настапува во Галатасарај, но на почетокот од годинава беше поврзуванн со камбек во Калчо-лигата. Јувентус е подготвен да му понуди на Икарди позајмица на 18 месеци, што ќе му гарантира останување во Италија и следната сезона, но време за целосен договор нема многу, па останува да се види дали „старата дама“ конечно ќе успее да доведе нов напаѓач во тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

