Икарди: Го почитувам Меси, се сомневам дека тоа е вистина

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Мауро Икарди ги коментираше шпекулациите дека капитенот на репрезентацијата на Аргентина, Лионел Меси не сакал да го види во репрезентацијата поради пријателството со поранешниот сопруг на Ванда Нара, Макси Лопез.

„Го познавам Меси уште од периодот кога бев во академијата на Барселона. Мислам дека тоа што го пренесуваат медиумите не е вистина, но не можам да им забранам да зборуваат за тоа. Навистина го почитувам Меси и се сомневам дека тоа е вистина“, изјави Икарди. 

Мауро Икарди и Макси Лопез беа пријатели се додека Ванда Нара не го напушти постариот Аргентинец и се омажи за Мауро.

Се вчитува...