Мауро Икарди е предводникот на Интер во обидот оваа екипа по неколкугодишна пауза да се врати во Лигата на шампионите. Голгетерот кој со својата автобиграфија пред извесно време беше во конфликт со навивачите успеа повторно да ги придобие нивните симпатии, па сега воопшто не размислува за заминување и покрај честите понуди од Премиер-лигата.
„Интер е мојот живот во моментов. Тука сум четири години и не можам да опишам колку убаво се чувствувам, бев примен прекрасно од сите во клубот, ми беше дадена и капитенската лента. Во фудбалот никогаш не може ништо да се гарантира, но во моментов заминувањето одовде не е опција за мене. Погледите ми се насочени кон помагање на екипата да обезбеди излез во Европа следната сезона, а преку тоа и да се наметнам за да се вратам во аргентинската репрезентација“ – истакна Икарди.
Одличниот голгетер и сезонава редовно ги тресе противничките мрежи, а на прашањето кои голови му се омилени даде одговор што сигурно ќе им се допадне на навивачите на „нероаѕурите“.
„Најмили голови ми се оние што му ги давам на Јувентус. Сепак, најубав од сите според мене е оној против Болоња, кога прекрасно погодив со удар надвор од шеснаесетникот“ – открива Мауро Икарди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА