Интер игра фантастично оваа сезона во Серија А, се уште ја нема почувствувано горчината на поразот, а со вчерашниот триумф над Калјари (1-3) на гости се искачи и на првата позиција на табелата. Капитенот Мауро Икарди е во одличен голгетерски ритам, но вели дека тимскиот дух е најважен кај „нероаѕурите“.
„Прераснуваме во голем тим, кој оди на победа на секој нареден натпревар, и што е најважно – знае како да ги освои трите бода. Тимскиот дух е најважниот елемент, а можам да кажам дека кај нас заедништвото е на врвно ниво. Токму затоа и бележиме успеси оваа сезона“, вели Мауро Икарди.
Тој се наоѓа на списокот на желби на Реал Мадрид, Баерн Минхен, Манчестер сити, но засега не сака да коментира за евентуално заминување од „Џузепе Меаца“.
„Јас сум заљубен во Интер, играме одлично и воопшто нема да коментирам други шпекулации“, истакна напаѓачот на „нероаѕурите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

