Икарди пак ќе извиси од репрезентацијата

Ѕвездата на Интер, Мауро Икарди нема да биде дел од составот на аргентинската репрезентација на Копа Америка, пренесуваат медиумите во Аргентина. Селекторот на „гаучосите“ Лионел Скалони нема да смета на услугите на Икарди на Копа Америка, поради долгото отсуство кое го имаше од терените кое следуваше по драмата која се случуваше околу преговорите за нов договор, а која заврши со одземање на капитенската лента.

Официјалниот список Скалони ќе го објави утре, а на него се очекува да го нема Икарди. Тој за репрезентацијата на Аргентина запиша само осум настапи, на кои постигна еден гол. Тој се уште нема ниту еден настап за „гаучосите“ на официјално сениорско првенство, а тој се надеваше дека годинашната Копа Америка ќе биде шанса тој конечно да го облече дресот со националните бои на едно големо натпреварување.

 

Се вчитува...