Икарди останува во Пари Сен Жермен

Аргентинскиот фудбалски репрезентативец, Мауро Икарди ќе остане во Пари Сен Жермен и следната сезона. Иако не се изнаигра минатата сезона тој сепак одлучи да остане во главниот град на Франција.

Тој освен во првата сезона во која во клубот беше на позајмица од Интер не доби голема шанса во почетниот состав на „светците“.

„Имам договор со ПСЖ уште две години и затоа останувам тука. Мојата кариера не е во опасност како што вие новинарите се обидувате да ја прикажете. Ќе се борам за свое место во тимот“, изјави Икарди. 

По доаѓањето во Париз, Икарди запиша 64 настапи на кои постигна 23 гола.

Се вчитува...