Икарди: Овој тим на Интер никогаш не се предава

Интер се спаси од втор пораз против Барселона во Лигата на шампионите, играјќи 1-1 на „Џузепе Меаца“. Капитенот Мауро Икарди возврати на погодокот на Бразилецот Малком, кој ја доведе Барселона во водство. Аргентинскиот напаѓач вели дека „нероаѕурите“ никогаш не се предаваат, ниту против најдобрите.

„Игравме против најдобриот тим на светот, и не се предадовме. Успеавме да возвратиме и да останеме непоразени. Барселона е тим кој знае да ја чува топката и постепено ве притиска кон сопствениот шеснаесетник. Не е лесно да им одолеете. Но, овој тим на Интер се бори до крајот, така беше и против Тотенхем“, изјави Мауро Икарди.

По четири одиграни кола, Интер е на втората позиција во групата со 7 освоени бода, три помалку од Барселона, а три повеќе од третопласираниот Тотенхем.

Се вчитува...