Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди сега е член на Галатасарај каде игра доста добро, оваа сезона веќе има осум гола на своето конто, но сè уште нема навестување дека би можел да остане во Галатасарај по оваа сезона.
Неговиот договор истекува, а според италијанските медиуми, веќе му е понуден на некои клубови во Серија А. Икарди има 32 години, јасно е дека може да игра на врвно ниво барем уште неколку сезони и може да биде вистинското решение за итни проблеми што ги имаат некои клубови.
Tоа се Милан и Рома, двата тима веќе бараат напаѓачи во јануари, но прашањето е колку квалитет би можеле да добијат со Фулкруг или Циркзе, кои се споменуваат како најдобри решенија и кои се блиску до трансфер во овие два клуба. Затоа им беше понуден Икарди како долгорочно решение, но тие не се единствените.
Друг клуб што би можел да го добие Мауро Икарди е – Комо, кој го води Сеск Фабрегас и кој веќе направи неколку сериозни трансфери во текот на летото 2025 година.
Икарди се прослави токму во Серија А, каде што играше за Сампдорија, а најдлабока трага остави во Интер, каде што играше седум сезони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

