Аргентискиот фудбалер Мауро Икарди со години го „полни“ жолтиот печат со скандалите со врската со Ванда Нара. Контроверзниот пар цело време беше во караници, а во последно време се помалку го има во медиумите. Но, затоа тој самиот се погрижи повторно да биде на насловните страници на жолтиот печат.
Икарди се одлучи да се почасти со легално најскапиот автомобил на светот – Rols Royce Boat Tail. Тоа чудо автомобилската индустрија го продава од 23 до 25 милиони евра.
Станува збор за автомобил кој е рачно изработен од почеток до крај, а секој од деталите е персонализиран по барање на сопственикот. Внатрешноста е со бела кожа со дрвени детали.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА