Интер со победата над Аталанта од 2-0 на „Џузепе Меаца“ се искачи на второто место на табелата, останувајќи непоразен по 13 кола во Серија А, заедно со лидерот Јувентус. Капитенот Мауро Икарди ги постигна двата гола за „нероаѕурите“, а потоа и се обиде да го отфрли притисокот од својот тим, во трката за шампионската титула. Интер оваа сезона игра одлично, има само два бода негатива во однос на Наполи, па веќе се вбројува меѓу кандидатите за „скудетото“.
„Нашата цел останува идентична, да избориме пласман во Лигата на шампионите за следната сезона. Драго ми е што сме на добар пат засега, и се држиме при самиот врв, со 11 победи во 13 одиграни кола“, изјави Мауро Икарди.
Вистинскиот тест за шампионските амбиции на Интер ќе следи на 9 декември, кога овој тим ќе и гостува на „старата дама“ во Торино.
„Дали знам што ќе се случува на 9 декември? Знам, тоа е денот пред роденденот на мојата сопрува Ванда. Да, ќе играме со Јувентус во Торино, но и дотогаш сакаме да продолжиме да победуваме“, дополни капитенот на Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА