Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди најави заминување од редовите на турскиот Галатасарај и преселба во Шпанија.
Икарди, кој од 2022 година игра за Галатасарај, вели дека е подготвен за нов предизвик. Според шпанските медиуми тој наскоро се очекува официјално да биде промовиран во редовите на Бетис.
Икарди изминативе години имаше одлични настапи за турскот тим, постигнувајќи дури 61 гол на 87 натпревари за Галатасарај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

