Македонскиот кајакар Ангелче Петрушевски, член на Вардар Велес, имаше најдобар резултат во кајак К1 на 51.издание на Илинденскиот кајак сласом. На патеката Матка, Петрушевски оствари време од 102,16 секунди и беше за две секунди побрз од Србинот Милош Јевтиќ (104,61 сек.). На третата позиција се пласираше Борче Мирчевски (104,74 сек.) од кајак клубот Бабуна од Велес. Неговиот клупски колега Христијан Игнатов заврши на петтото место.
Во конкуренција кану Ц1 кај мажите славеше Гркот Панајотис Зисекас, пред српското дуо Горан Јовановиќ и Павле Здравковиќ.
Во кајак К1 во женска конкуренција, најдобра беше српската натпреварувачка Кристина Петровиќ, пред Барте Зиликуаите од Литванија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА