ИКАС викендов со ново издание: Матка е ‘измислена’ за овој спорт

На патеката „Матка“ крај Скопје претстојниот викенд (8. и 9. април) ќе се 49. традиционален Илинденски кајак слалом – ИКАС. По тој повод во Агенцијата за млади и спорт се одржа прес-конференција на која беа презентирани очекувањата на организаторите од реномираниот меѓународен спортски настан.

„Со организацијата и поддршката на 49-от традиционален Илинденски кајак слалом „ИКАС“, Агенцијата за млади и спорт (АМС) ја потврдува својата заложба за промоција на Матка како едно од најдобрите места на Балканот за овој спорт, но и за промоција на спортскиот туризам. Станува збор за една од најстарите традиционални спортски манифестации, не само во Република Македонија, туку и пошироко, но истовремено, традиционалниот илинденски кајак-слалом (ИКАС) е единствената спортска манифестација во Македонија, која без прекин, почнувајќи од далечната 1968 година, се одржува на реката Треска крај Скопје. Во таа насока, Агенцијата за млади и спорт секоја година е генерален покровител на оваа манифестација, а оваа година обезбеди 500.000 денари, со што ја покажува сериозноста за развојот на овој спорт во нашата земја“, изјави Марјан Спасески на денешната прес-конференција.

Спортскиот директор на Кајакарската федерација на Македонија, Атанас Николовски информира дека македонската селекција ќе брои дваесетина кајакари и ќе биде комбинација од помалади кајакари и неколку сениори.

Се вчитува...