Познат е фактот дека кошаркарот на Босна и Херцеговина Нихад Џедовиќ често има проблеми со луѓето кои мислат дека е Златан Ибрахимовиќ. Џедовиќ минатата година во едно интервју дека скоро секој ден му се случува некој да го помеша со шведскиот голгетер.
Слична ситуација се случи вчера на твитер кога „Диарио АС“ објави наградна игра во која доделува потпишан дрес од Џедовиќ, на која легендарниот Икер Касилјас го означи Златан Ибрахимовиќ кого го праша дали почнал да игра кошарка.
Se ha pasado al baloncesto @Ibra_official? https://t.co/JiMvsAr8Tm
— Iker Casillas (@IkerCasillas) October 28, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА