Икер Касилјас го понижи Меси: Наградата на ФИФА е смешна…, подобро наречете ја „Смајли“!

Легендарниот шпански голман, Икер Касилјас ја нарече смешна наградата на ФИФА – „Најдобриот“ откако истата за 2023 година ја доби Лионел Меси пред Ерлинг Халанд.

Касилјас очигледно не може да се согласи со тоа што признанието го добива Лионел Меси втора година по ред…

„Ќе направите една убава награда и потоа ќе упропастите се затоа што не ги правите нештата чесно. Подобро да се вика „Смајли“. Добра ноќ“ – напиша синоќа Касилјас.

Јасна е илузијата на 42-годишната легенда на Реал кој, како и поголемиот дел европски фудбалски работници, не може да разбере како е можно Меси да ја добие наградата пред Халанд кој минатата година имаше извонредна сезона со Манчестер сити.

Се вчитува...