Икер Касилјас преживеал срцев удар, сега е надвор од животна опасност

Легендарниот шпански голман Икер Касилјас преживеал срцев удар во текот на денешниот ден. Тој почувствувал силна болка и гушење по тренингот на Порто и итно бил пренесен во болница, каде е утврдено дека Касилјас имал срцев удар. Веднаш е задржан на болничко лекување, но состојбата му е стабилна откако била извршена хируршка интервенција и тој е надвор од животна опасност.

Икер Касилјас од 2015 година го носи дресот на Порто, а претходно цели 16 години беше член на Реал Мадрид. 37-годишниот голман најави дека сака да брани најмалку уште една сезона, но новиот развој на настаните можеби и ќе придонесе да ја заврши пребогатата кариера.

Се вчитува...