ИКОНА… Што се случува кога Роналдо ќе се појави во ресторан во Торино после хет-трик!? (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо уште еднаш ја демонстрираше својата големина во светскиот фудбал, токму тогаш кога е најпотребно. Што е препознатливо за него. Сам, со хет-трик во триумфот од 3-0 го елиминираше Атлетико Мадрид за пласман на Јувентус во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Па, големата победа се одлучи со семејство да ја одбележи во еден ресторан во Торино, а тоа што следеше во истиот е навистина неверојатна сцена. Кога останатите гости видоа дека Роналдо влегува во ресторанот, настана вистински хаос. Португалецот беше награден со овации, а тој само со насмевка го проследи сето тоа.

Јувентус цели 23 години очекува титула од Лигата на шампионите. Последен пат „црно-белите“ ја освоија во 1996 година. Сега сите надежи на навивачите на „Старата дама“ се дека Роналдо ќе успее да им помогне да донесат повторно во Торино.

Се вчитува...