Илчо Ѓорѓиоски: Измамен сум и искористен од лица во кои имав доверба, и самиот ќе поднесам кривични пријави

Поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски огласувајќи се по информацијата од Управата за финансиска полиција за кривична пријава против поранешната сметководителка на ФФМ, Олгица Младеновска, вели дека е неоправдано инволвиран во случајот во кој е измамен и искористен од лица на кои им верувал поради што и самиот ќе поднесе кривични пријави.

Ѓорѓиоски, наспроти останатите лица кои се со кривична пријава за злосторничко здружување за стекнување со противправна имотна корист, е обвинет единствено за несовесно работење. Поранешниот прв човек на ФФМ во својата реакција до нашата редакција вели дека е измамен и искористен од лица на кои им верувал поради што против нив ќе поднесе и кривични пријави. Ѓорѓиоски потсетува дека обвинението за првоосомничената е за противправни дејствија и во период по неговото заминување од ФФМ.

РЕАКЦИЈАТА НА ИЛЧО ЃОРЃИОСКИ ДО НАШАТА РЕДАКЦИЈА ВИ ЈА ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ:

Како поранешен претседател на ФФМ и неправедно инволвиран во случајот ФФМ би сакал да се обратам до јавноста по повод истиот.

1. По однос на написите во медиумите за моја вмешаност во кривично дело несовесно работење сакам да кажам дека е уште еден од низата напади против мене.

2. Јас од лицата наведени во кривичната пријава сум измамен и искористен а тоа можам да го видам од приложените докази кои ми беа дадени на увид од страна на финансиската полиција и за кои лица ќе поднесам кривични пријави на кои веќе работи мојот правен тим. Пријавата за случајот се однесува во период од 2016-2019 год., а јас како претседател на ФФМ поднесов оставка во 2018 година, што значи дека наведеното лице го правела истото дело не само во мое време туку и после мојата оставка а многу веројатно и пред да станам јас претседател на ФФМ. Како претседател и одговорно лице сум бил измамен од одговорното лице за финансиско работење во ФФМ кое работи повеке од 30 години како раководител на финансискиот сектор во ФФМ и секако дека ќе поднесам кривична пријава против истата и ќе преземам соодветни мерки за заштита на својот углед и достоинство како човек и како спортски работник.

3. Во својство на Претседател согласно Статутот и правилниците на ФФМ и позитивните законски прописи формирана е финансиска комисија (експерти од областа на финансиско работење, 5 члена) и е ангажирана надворешна ревизорска куќа чија задача е да вршат контрола на финансиското работење на одделот за финансии при ФФМ што знаци како одговорно лице сум ги презел сите дејства за правење на контролен механизам во финансиското работење на ФФМ.

4. Најлесно е да оцрниш човек дефинитивно без никаква совест и одговорност. Да ставиш бомбастичен наслов со кој ке срушис се што некој создавал со посветеност и макотрпна работа. Никогаш не видов бомбастичен наслов дека во времето на Илчо се направи куќата на фудбалот и тренинг центарот, ниту дека беше направена Академијата и Детската лига од која произлегоа врвни фудбалери и репрезентативци. Се направи најтешката смена на генерации во А репрезентацијата и од 175. место на ФИФА ранг листа сега сме на 63. место, можеби и понапред во моментов и ќе бидеме во иднина сигурен сум во тоа зошто направивме одлична компетитивна репрезентација и залог и база за сите идни успеси.

Во времето на Илчо се случи најголемиот успех пласманот на Европското првенство на репрезентацијата до 21 година која денес е носител на играта во А репрезентацијата. Пласманот на младите репрезенртации на елините турнири на УЕФА станаа нормална работа иако претходно беа мноогу ретки. На клупско ниво Вардар играше во групна фаза на ЛЕ. Се изградија многу терени и стадиони со што значително се подобри фудбалската инфраструктура. И на крај во времето на Илчо се одржа Суперкупот на УЕФА во кој играа Реал Мадрид – Манчестер јунајтед, настан со кој Скопје и нашата Македонија беа во центарот на вниманието на светската јавност за прв пат од осамостојуванјето на нашата земја со некој позитивен настан. Можам сега да ви кажам дека Илчо е директен виновник за тоа што се случи Суперкуп на УЕФА во Македонија и никогаш не ми требале ловирики за било што од ова, секогаш сум го давал најдоброто од себе за федерацијата и државата да имаат успеси. Мојата единствена грешка е што имав целосна доверба и бев измамен од луѓе вработени во федерацијата за кои верував дека се компетентни и чесни во својата работа.

Со почит,

Илчо Ѓорѓиоски

Се вчитува...