Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин на синоќешната гала вечер пред денешниот Суперкуп изрази огромна благодарност до Владата на РМ и ФФМ за гостопримството и организацијата на еден од најголемите светски фудбалски клупски настани.
Чеферин имаше и средба со првиот човек на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски кој, пак, го потенцираше задоволството од укажаната доверба која на најдобар можен начин сите посакуваме да ја оправдаме вечерва од 20:45 часот.
„Со тоа што ни беше доверена организацијата на еден од најголемите фудбалски настани, ја исполнивме нашата амбиција да ги промовираме нашиот град и држава. За нашите фудбалски навивачи ова е ретка можност да присуствуваат на натпревар меѓу двата најдобри европски тима. Задоволни сме што ја добивме почитта од УЕФА, бидејќи благодарение на нејзините одлуки може да ја почувствуваме љубовта за фудбалот и почитта за сите федерации, без разлика на нивната големина и финансиско влијание кое го имаат“ – вели Ѓоргиоски пред вечерашниот спектакл, и дополнува:
„Суперкупот е вистинска инспирација за сите нас, како и за целата јавност во Македонија. Затоа се потрудивме да бидеме добри домаќини, а на сите гости им посакавме да уживаат во натпреварот и во престојот во Скопје“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА