Илчо Ѓорѓиоски ќе ја предводи Струга ТЛ во атакот на првиот куп-трофеј во клупската историја, во големото финале што стружани утревечер ќе го играат против екипата на Вардар.
Тренерот Ѓорѓиоски му ја препушта фаворитската улога на противникот, но и најавува дека неговиот тим ќе стори се за да им ги замрси сметките на „вардарци“
„Според мене, Вардар е фаворит на утрешниот натпревар. Многу го ценам овој клуб, како играч и тренер освојував титули, тоа е мој клуб. Сепак, дефинитивно сакам да победам во ова финале. Вардар ќе игра пред свои навивачи, ама ние сме подготвени да одговориме на секој предизвик. Ќе влеземе во средбата од првиоата минута за да ја добиеме,, без никакви калкулации. Вардар е анализиран. тие направија конкурентен тим и низа победи, па имаат максимален респект од наша страна. Знаеме што сакаме и како треба да ја достигнеме зацртаната цел. Финале на Куп пред стартот на сезоната го посакуваат сите, ова е натпревар кој се чека цела сезона. Ние ќе бидеме дел од овој меч, а сакаме да го освоиме ова натпреварување. Струга е релативно млад клуб, во своето постоење има две титули и загубено финале на Купот. Сега имаме втора шанса, сакаме да го донесеме трофејот во Струга. Како тим дефинитивно сме подготвени, желни и мотивирани за утрешниот натпревар“, истакна Ѓорѓиоски.
Буњамин Шабани ја потенцираше мотивацијата кај фудбалерите на Струга ТЛ како важен фактор што може да донесе резултат против Вардар.
„Играме многу важен натпревар против Вардар. Сите ќе дадеме свој максимум и мислам дека како екипа можеме да дојдеме до трофејот. Ние сме подготвени, искусни играчи сме и живееме за овој тип натпревари. Сметам дека нема да биде проблем фактот дека играме во Скопје и покрај односот на навивачи на трибините. Зад нас имаме големи натпревари дури и во Европа, па тоа е нашата предност. Претходните натпревари со Вардар не значат ништо, утре играме соссема нов меч. Нијанси ќе го решаваат ова финале“, порача Буњамин Шабани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

