Илчо Наумоски, поради здравствени причини, заминува од Кина и се враќа во Европа

Поранешниот македонски репрезентативец Илчо Наумоски привремено ја прекинува својата тренерска кариера и поради здравствени причини од Кина се враќа во Европа.

Наумоски, кој изминативе сезони, беше тренер во Академијата на Нанџинг, Кина, поради неопходно лекување се враќа на европскиот континент оставајќи ја тренерската кариера извесен период во мирување…

„Поради здравствени проблеми, и итно лекување, ја прекунуваа оваа сезона и моето прво меѓународно тренерско искуство во Кина. Се враќам на лекување во Виена, Белград, Скопје и мојата единствена МАКЕДОНИЈА. Здравјето, безрезервната поддршка од мојата фамилија и искрените пријатели, како и моите верни фанови, ќе бидат поттик за што побрзо опоравување, враќање на нормалниот начин на живот и потоа враќање на професионалните обврски. Ви благодарам на сите за поддршката“ – истакнува Наумоски пред итното враќање во Европа кое се очекува да биде на почетокот од следната недела.

34-годишниот Наумоски е поранешен фудбалер на австриските Рапид Виена, Грац и Матерсбург, италијанската Катанија како и турската Малатијаспор, а кариерата ја заврши во Вардар кога поради повреда мораше да се пренасочи на тренерската кариера. За репрезентацијата на Македонија има одиграно 45 натпревари со постигнати 10 погодоци.

Се вчитува...