Поранешниот македонски репрезентативец Илчо Наумоски од април оваа година повеќе од успешно е дел од едукативниот центар на Нанџинг фудбалската асоцијација (НФА) во Кина, која е една од асоцијативните членки на Кинеската фудбалска федерација, во градот Нанџинг кој е со повеќе од 8 милиони жители.
Меѓутоа, Наумоски и тоа како, својот тренерски ангажман во Кина, го користи и да ги запознае раководните лица во кинеската федерација со македонскиот фудбал…
„И тоа како се интересираат за македонскиот фудбал, и веќе почнуваат и да го следат, прибирајќи постојано информации од мене и за клубови и за поединци од Македонија. На раководителот на едукативниот центар, како и членот на бордот на НФА им подарив и дресови од Вардар и од Македонија, дресот со кој настапував за македонската селекција“ – вели за ЕКИПА, Илчо Наумоски.
„Јас сум задолжен за едукација на тренери во рамките на НФА, но и скаутинг на млади фудбалери во рамките на целата Нанџинг Џиангсу провинција, во кој склоп работи и кинескиот суперлигаш Џиангсу Сунинг чиј тренер е Фабио Капело“ – дополнува Наумоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА