Иличиќ ја напушта Аталанта, подготвен е договорот со Милан

Фудбалерот на Аталанта, Јосип Иличиќ го напушта клубот и се сели во редовите на Милан.

Начелно веќе постои договор меѓу Милан и Словенецот за трансферот во кој ќе биде вклучен и младиот Томазо Побега како Милан би ја намалил висината на отштетата.

Според најавите, Милан на Аталанта треба да и исплати 10 милиони евра плус Побега за услугите на Иличиќ, кој минатата сезона го загуби првотимскиот статус во тимот од Бергамо. 33-годишниот Иличиќ минатата сезона вкупно собра 38 настапи постигнувајќи седум гола со 11 асистенции. Претходно во кариерата играше за Фиорентина, а во Словенија беше член на Марибор и Интерблок.

Се вчитува...