Ефтим Илиев е именуван за нов спортски директор на ГФК Тиквеш, информираа официјално од кавадаречкиот второлигаш.
„Со одлука на УО на ГФК Тиквеш едногласно е изгласан новиот спортски директор. Му посакуваме топло добредојде во нашиот клуб и многу успех и секако влез во Прва лига“ – се вели во соопштението од Тиквеш.
Илиев доаѓа на оваа функција на местото на Ванче Шиков, кој по недоразбирањата со раководството на клубот се пресели во велешки Борец. Шиков покрај функцијата спортски директор, изминативе две години беше и дел од играчкиот кадар на Тиквеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА