Илиев една година на позајмица во словачки Серед

Македонскиот репрезентативен голман Дени Илиев следната сезона ќе ја мине на позајмица во словачкиот прволигаш Серед.

Во договор со Илиев, раководството на Арсенал се одлучи македонскиот голман една сезона да мине на позајмица пред повторно да биде во комбинација за место во првиот тим на „топчиите“. Согласно договорот со Серед, Арсенал ќе има право да го врати Илиев и по шест месеци, пред истекот на годишната позајмица.

Како што е познато, нов шеф на стручниот штаб на Серед од ова лето е македонскиот стратег Славчо Војнески.

Се вчитува...