Илиев: Целта сезонава е титула со Сараево

Повремениот македонски репрезентативец Дејан Илиев неодамна се пресели во Сараево, а во Купот против Слобода Тузла беше херој за својата екипа откако одбрани спречи два удари во пенал рулетот.

Сараево води борба за излез во Европа следната сезона, а македонскиот чувар на мрежата вели дека сакаат оваа сезона да освојат барем еден трофеј.

„Нашите очекувања се големи, одиме на победа во секој натпревар. Атмосферата во клубот е одлична. Ќе дадеме сè од себе до крајот на сезоната. Наша цел е да освоиме трофеј, но и да обезбедиме излез во Европа“, кажа Илиев.

Екипата на Илиев се наоѓа на четвртото место со 33 бодови, а пред себе ги има Вележ, Зрињски и Борац.

Се вчитува...