Македонскиот репрезентативен голман Дени Илиев e повикан меѓу 21 фудбалер во тимот на Арсенал за вечерашниот полуфинален реванш натпревар од Лигата на Европа против Валенсија.
Илиев речиси два месеци беше надвор од фудбалските терени поради повреда на рамото, но сега повторно се враќа во составот на „топчиите“.
Македонскиот голман е меѓу 21 фудбалер кои се во Валенсија, но со оглед на фактот дека е трет голман на Арсенал сосема извесно е дека во изборот на 18 на кои ќе се смета за пресметката со шпанскиот прволигаш ќе остане, сепак, на трибините.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

