Илиевски во „ПРЕСИНГ“: Ако постојат пропозиции во кошарката, зошто третманот на секој клуб е различен…

Во најновиот „ПРЕСИНГ“, специјализираниот спортски подкаст на ЕКИПА, се говореше на најразлични теми поврзани со македонската кошарка. Притоа, Марјан Илиевски како еден од предводниците на проектот КК Пелистер ја објасни иницијативата на битолскиот клуб за затоплување на салите, нешто што треба да е сосема нормално, но кај нас се чекаше до 2025 година за пропишаните пропозиции да почнат да се применуваат согласно Статутот.

„Одредби кои што се напишани и не се почитуваат, тоа е нешто што се сфаќа лично и нешто од што си патиме веќе одреден период. Нашата реакција беше за нешто што е нормално, затоплување на салите во 21. век, поставување на семафори за 24 секунди онаму каде што е пропишано со пропозиции (на табли, а не по столчиња или на ѕид), заштита на таблите и она што не беше изреализирано во целост – соблекувалните да имаат одредени услови за кошаркарите да можат да се пресоблечат. Не зборувавме за нешто „уау“, да бараме не знам какви услови…. Не добивме којзнае каква поддршка од останатите клубови, Здружението на играчи излезе со едно соопштение, здружение зад кое не знае кој се не стои зад него бидејќи имам и информација дека истото не функционнира… Сите кои ќе ме сретнеа вака, викаа Алал да ти е… сите што требаше да го применат тоа ми порачуваа: Ај бе сега ти најде….“ – вели Илиевски во најновиот „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.

„Истата моја реакција беше и за тоа „кредитирање“ на клубови од страна на федерацијата поврзано со неплатените долгови. Немам ништо против ниту еден клуб, ама ако треба да се фукцниора по пропозиции, зошто третманот да биде различен… Не значи ако даваш редовно плата и ако обезбедиш услови дека имаш повеќе пари од оној кој што прави резултат, а е должен до гуша“, објаснува Марјан Илиевски.

КОМПЛЕТНИОТ ПОДКАСТ СО ЕМИЛ РАЈКОВИЌ И МАРЈАН ИЛИЕВСКИ ГЛЕДАЈТЕ ГО НА СЛЕДНИОТ ЛИНК:

Се вчитува...