Илиевски: Без разлика на сите проблеми, Вардар е Вардар

Најтрофејниот македонски клуб конечно се собра пред неделниот старт на пролетниот дел од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига. Под водство на новиот шеф на стручен штаб, Никола Илиевски – Џиџи, и неговите асистенти Бобан Грнчаров, Златко Таневски и Никола Глигоров, „црвено-црните“ на теренот на Академијата на ФК Вардар во Градски парк го одработија првиот тренинг. Тренерот на „Црвено-црните“ Никола Илиевски – Џиџи вели дека и покрај сите проблеми Вардар е Вардар и тој очекува дека играчите ќе дадат максимум на секој натпревар.

„Состојбата во која е Вардар е навистина лоша. Заедно со играчите и раководството и најверните навивачи „Комитите“ кои мора дадат голема поддршка на младите фудбалери кои ги имам за да направиме добри резултати. Нормално дека доцниме со почетокот на подготовките, но без оглед на се со моето и искуството на еден дел од фудбалерите сметам дека ќе ја подигнеме формата. Ќе биде тешко против Пелистер, но јас сепак се надевам дека ќе направиме позитивен резултат. Секој сака да се докаже против Вардар, но без разлика на сите проблеми Вардар е Вардар верувам во овој тим“, изјави Илиевски. 

Се вчитува...