Десет дена до стартот на новата сезона во Втората лига – Исток. Шефот на стручниот штаб на Брегалница, Добринко Илиевски е задоволен од досегашниот тек на подготовките нагласувајќи дека во оваа фаза и квалитетот на подготвителните натпревари е очекуван со оглед на големата пауза која ја имаа екипите.
„Мислам дека ниту една екипа во моментов не може да биде задоволна од формата на фудбалерите, и на физички и на техничко-тактички план. Сепак, големата пауза си го направи своето и квалитетот е донекаде очекуван. Затоа мора да бидеме трпеливи. Останува пред нас уште финалната фаза од подготовките преку која верувам дека ќе го создадеме посакуваниот изглед на тимот“ – вели Илиевски.
„Сините“ на последниот тест одиграа без голови со исклучително силниот состав на Гостивар.
„Натпреварот со Гостивар беше навистина добар. Тоа беше прва проверка на гостински терен ова лето за нас. Имаше позитивни моменти за одбележување, имавме неколку убави шанси кои не ги реализиравме. Сепак, исходот е реален. Во секој случај, треба време да бидеме на ниво како што бевме претходно, пред кризата предизвикана од пандемијата“ – потенцира стратегот на Брегалница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА