Кошаркарската репрезентација на Македонија го забележа и третиот пораз во претквалификациите за пласман на Светското првенство 2027 година во Катар, откако вечерва загуби на гостувањето кај Романија во Орадеа со 79-66.
Селекторот на нашата репрезентација Марјан Илиевски по натпреварот изјави дека и покрај поразот тој е горд на играта на неговите пулени.
„За разлика од претходниот меч против Унгарија, денеска нашиот млад тим покажа карактер и морам да бидам задоволен од кошаркарите. Романија има далеку поискусни кошаркари и заслужено победи, но ние напредуваме од натпревар во натпревар“, изјави Илиевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

