Владо Илиевски денеска и официјално ја поднесе иницијативата за свикување на Вонредно Собрание, на кое долгогодишниот репрезентативец ќе бара смена на претседателот Петар Наумоски.
Илиевски во изминатиот период доби поддршка од мнозинството и се наметна како главен фаворит за претседателската функција, особено откако Даниел Димевски се повлече од трката пред новогодишните празници. Во иницијативата што денеска беше поднесена од негова страна се потпишани мнозинството на клубови, со исклучок на прволигашите Струмица, Куманово, Шкупи и Фени индустри. Со само тоа, почнува рокот од 14 дена во кој актуелниот претседател Наумоски мора согласно Статутот да свика Вонредно собрание.
Потпишаните клубови воедно и му даваат апсолутна поддршка на Владо Илиевски за нов претседател, иако не се исклучува можноста Димевски повторно да влезе во игра, овојпат позадински како поддршка на друг кандидат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА