Илиевски контра судиите: Време е да се запрашаме кои се вистинските актери во мак-кошарката…

Марјан Илиевски не го криеше разочарувањето од слабото издание на својот тим и поразот од екипата на ТФТ во четвртфиналето од Купот на Македонија.

Искусниот стручњак му ја честиташе победата на противникот, но и проговори за незадоволството од арбитражата на оваа четвртфинална пресметка.

„Ние се соочивме со сериозен проблем поради болеста и повредите на дел од кошаркарите, па буквално до пред самиот почеток на мечот не знаевме во кој состав ќе настапиме на овој натпревар. Сето тоа се одрази на квалитетот на нашата игра, а ТФТ со исклучително шутерско шоу стигна до победата. Му честитам на противникот за триумфот, но она што паралелно со нашите партии се провлекува е чудниот критериум што упорно се провлекува на нашите натпревари. Време е да се запрашаме за кого се игра кошарка и кои се вистинските актери во мак-кошарката“, изјави Илиевски.

Се вчитува...