Блокотехна се врати од речиси загубена ситуација во полуфиналниот дуел од кошаркарскиот Куп и обезбеди место во битакта за трофејот. Тренерот Марјан Илевски вели играчите се надминаа, а особено го потенцира значењето на Војче Левкоски кој постигна 12 поени, но сите во периодот кога Блокотехна го правеше пресвртот.
„Им честитам на моите играчи, им се воодушевувам на тоа како успеваат да најдат сила во вакви ситуации. Да се вратиш против екипа која постигнала толку тројки е навистина подвиг. Морам да кажам дека Лефковски беше херојот на натпреварот. Не тренираше два месеци, но беше клучот за пресвртот со кој дојдоме до победата“ – вели Илевски .
Блокотехна во битката за титулата ќе се соочи со победникот од мечот меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички.
„За Блокотехна ова е важен чекор, затоа што напревуаме како и ви БИБЛ лигата, чекор понапред сме од лани, сега сме финалисти. Ќе ни биде тешко во финалето, но ние во многу ситуации сме велеле нема да може па сме правеле подвизи“ – смета предводникот на Блокотехна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА