Кошаркарската репрезентација на Македонија на одличен начин го почна подготвителниот период за претквалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година.
Во првата контрола одиграна во Гевгелија нашите кошаркари славеа над Швајцарија со убедливи 62-56.
Селекторот Марјан Илиевски по мечот и покрај победата вели дека се уште има голем простор за напредок.
„Резултатот е позитивен, но неблагодарно е сега да кажеме дека сме на одличен пат во однос на она кое следи. Но, затоа на одличен пат сме кон она што се бара од играчите, а тоа е да дадат максимум. Сите кои влегоа во игра дадоа максимум, се гледа и неискуството на одредени играчи што се рефлектираше со голем број загубени топки. Но како за прв меч и краток период заеднички подготовки, може да кажам дека сум задоволен од целиот период соработка со играчите. Игравме против екипа која три години е заедно со истиот тренер. Имаме огромен простор за напредок, треба да нè красат енергијата и младоста“, изјави Илиевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

