Добринко Илиевски своето деби на клупата на националната селекција до 21 година ќе го почне со креирање комплетно нов состав на младата репрезентација темелен пред се на онаа генерација фудбалери до 19 години која се пласираше во елитните квалификации на УЕФА.
Дури 14 интернационалци се на списокот на Илиевски од 22 повикани фудбалери, притоа со 16 фудбалери кои ќе имаа право за настап и во следниот квалификациски циклус. Меѓу нив Чурлинов од Келн, Митровски од Спортинг, Атанасов од Бурсаспор, Фазлагиќ од Жилина,…
„Имаме дури 16 фудбалери на кои ќе сметаме и за следниот квалификациски циклус. Сето тоа доволно зборува дека креираме еден нов тим. Овие четири последни натпревари од овој циклус, сега против Србија и Ерменија и на крај против Русија и Гибралтар, треба да ни помогнат да се врати самодовербата меѓу играчите дека вредат и имаат и квалитет, но и да ја вратиме вербата во младата репрезентација“ – изјави Илиевски по соопштувањето на списокот на репрезентацијата за дуелите со Србија и со Ерманија.
Собирот на селекцијата ќе биде на 3. септември од 17 часот, а на 5. септември се заминува за Србија каде на 7. септември не чека гостинскиот квалификациски дуел. Потоа на 11. септември не очекува и пресметката со Ерменија на домашен терен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА