Марјан Илиевски посакуваше победничко деби на клупата на Македонија, но за жал тоа не се оствари откако „црвено-жолтите“ вечерва по голема борба загубија на домашен терен од Романија.
Македонскиот селектор не го криеше разочарувањето од конечниот исход и убедливиот пораз од минус осум кој е незаслужеј ако се знае дека во големи периоди имавме и предност што за жал не ја задржавме. Воедно, Илиевски изрази незадоволство што македонската тактика била пренесена на противникот и покрај обидите за криење на видеата од контролните мечеви со Швајцаријаа.
„Искрено жалам за поразот бидејќи во две минути се реши овој меч. Постојано беше егал, он потоа за краток период, со една две загубени топки и промашени отворени шутеви мечот се сврте во полза на гостите. Можеби некој ќе праша зошто земавме брзи шутеви, но тоа беа отворени шутеви и јас секогаш ќе барам од кошаркарски аспект тие шутеви да се земаат, ќе им дадам поддршка на моите играчи. Примивме 25 поени од втора шанса, што е премногу, знаевме дека тој физички аспект ќе биде главен проблем, но не успеавме да ги запреме Романците. Реков дека ќе не краси брза игра, имавме добри реализации од контранапад, но за жал тоа не беше доволно. Наше е да сработиме, да се види сето она што ќе го сработиме и сето она што за жал морам да го кажам е патетично – разочаран сум од синдромот на самоуништување. Првите два меча во Гевгелија беа од затворен карактер, настојувавме да ги сочуваме видео-анализите, но Романците стигнаа подготвени за сите наши напади, што е разочарувачки за мене како македонски селектор. Она што е проблем е ако овие играчи се важни во нашата репрезентација, а повторно имаат епизодна улога во своите клубови како и досега“, истакна Илиевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

